Никола Јокиќ не запира со брилијантни игри и историски подвизи во НБА. Ноќеска тој му донесе на Денвер драматична победа над Феникс од 125-123 со погодок на 11 секунди до крајот, а притоа оствари и трипл дабл, еден од најбрзите во историјата на НБА.
Домаќините имаа напад за победа, но Девин Букер и Ројс О’Нил промашија шутеви, па Нагетс славеа. Јокиќ беше најдобар стрелец (23), скокач (17) и асистент (17) во натпреварот. Така, тој стана играч со најмногу (17) натпревари со бројки од 20/15/15 во најважните категории во историјата на НБА.
Fastest triple-doubles in NBA history:
14:33 — Nikola Jokic (2018)
16:44 — Jalen Johnson (2025)
17:00 — Jim Tucker (1955)
17:35 — Russell Westbrook (2016)
17:41 — Nikola Jokic (Tonight) https://t.co/FChiLRCAwx— Real App (@realapp) March 25, 2026
Србинот дојде до трипл дабл за само 17 минути и 41 секунда, што е петти најбрз во историјата на најсилната лига. Интересно е што Јокиќ и тука го држи рекордот со трипл дабл од 2018 година, за кој му беа потребни само 14 минути и 33 секунди.
Чудесниот центар на Денвер го следеа Џамал Мареј со 21 поен и шест скока и Арон Гордон со 16 поени и шест скока. За Феникс, Букер беше најефикасен со 22 поени, но со слаб шут од поле (5/14) и со само еден тројка од четири обиди. Додаде осум асистенции. Џејлен Грин и Грејсон Ален постигнаа по 21 поен.
РЕЗУЛТАТИ
Шарлот – Сакраменто 134-90
Њујорк – Њу Орлеанс 121-116
Кливленд – Орландо 136-131
Феникс – Денвер 123-125


