Кошаркарскиот клуб МКК Куманово ја доби најголемата поединечна казна оваа сезона, а вкупно е казнет со 114.400 илјади денари за дуелот против ТФТ, одигран минатиот петок.
Најголем дел од оваа сума (100.000 денари) одат поради на ставката „директно попречување на снимање на натпревар“, со што се алудира на големите знамиња (барјаци) кои се веат од трибината каде се наоѓа навивачката група „Кумани“. Покрај тоа, клубот е казнет со 8.000 денари за неспортско навивање и уште 6.400 денари за техничката грешка на Урош Луковиќ.
МКК Куманово по натпреварот најавил жалба, но, како што се вели во билтенот на КФМ, не е уплатена пропишаната такса во утврден рок, па таа не е земена на разгледување.


