Првпат од почетокот на сезоната, трката за МВП признанието во НБА лигата не го предводат Шеј Гилџес Александер или Никола Јокиќ.
На врвот, сензационално, од денеска се наоѓа суперѕвездата на Сан Антонио Спарс, Виктор Вембанјама кој скокна од третото и се искачи на првото место. Досега Французинот важеше само за добар дефанзивец, но поради ефектот од 24,2 поена, 11,2 скока и 3,1 блокада изби на врвот, на нешто повеќе од две недели пред крајот на основниот дел од сезоната.
https://t.co/wWGNmWnCY9’s updated MVP Ladder:
— NBACentral (@TheDunkCentral) March 27, 2026
1. Victor Wembanyama
2. Shai Gilgeous-Alexander
3. Nikola Jokić
4. Luka Dončić
5. Jaylen Brown
6. Cade Cunningham
7. Jalen Johnson
8. Kawhi Leonard
9. Donovan Mitchell
10. Anthony Edwards
На второто место сега е Шеј Гилџес Александер, трет е Јокиќ, а една недела откако застана на втората позиција, Лука Дончиќ падна на четвртата. Во овој квартет може да се бара освојувачот на МВП признанието, но секако сегашното рангирање нема да има големо влијание бидејќи добитникот на наградата го бира панел од новинари и коментатори од САД и Канада.


