Наспроти сите проблеми со кои се соочува, Барселона вечерва на домашен терен ја победи Црвена Звезда со 92-88 по продолжение и направи голем чекор кон пласманот во разигрувањето за титулата во Евролигата.
Малку недостасуваше белградскиот тим пак да се спаси како пред два дена во Виторија, повторно играше продолжение, но Барса не дозволи ново разочарување. Подобрата игра ја круниса со победа со која се искачи на осмото место на табелата, но со идентичен биланс како шестопласираниот Жалгирис со кого се соочува во следното коло.
Звезда ќе мора да се вади против најголемиот ривал Партизан кој е во најдобра форма во Евролигата бидејќи вечерва, по две продолженија, ја победи Валенсија со 110-104 за шести триумф по ред. „Црно-белите“ немаат никакви шанси за плејинот, но можат со себе да ја повлечат и Звезда ако ја победат.
Сега шест екипи се на една победа разлика, а може да им се приклучи и Макаби ако победи во заостанатиот дуел со Хапоел.
РЕЗУЛТАТИ
Фенербахче – Жалгирис 82-92
Панатинаикос – Монако 102-92
Басконија – Хапоел 118-109
Партизан – Валенсија 110-104
Барселона – Црвена Звезда 92-88


