Основниот дел од сезоната во Суперлигата се ближи кон крајот, а полека се кристализираат четирите екипи кои ќе учествуваат во разигрувањето за титулата.
Ако нема изненадувања во финишот, токму тие ќе вкрстат викендов во двата дерби дуела од четвртото коло од „Оролоџо“. Лидерот Крива Паланка на домашен терен ќе го пречека Бадел кој е во одлична форма и се искачи на третото мести, додека шампионот Баскет Кам е домаќин на четвртопласираниот Вардар.
Последните сезони Крива Паланка е многу подобра во дуелите со Бадел, но скопскиот тим минатиот месец на домашен терен оствари убедлива победа со 14 разлика (66-52) на што и го темели својот оптимизам во пресрет на денешниот натпревар. Покрај тоа, Бадел нема пораз во 2026 година, но од дрига страна се наоѓа во серија од шест порази во Крива Паланка и нема победа на теренот на својот денешен ривал од 2022 година.
Второто дерби се игра утре од 14 часот во Македонска Каменица каде Баскет Кам ќе го пречека Вардар. Шампионот е во мала криза, ги загуби последните два меча, од Крива Паланка и Бадел, додека Вардар е во серија од три победи, но играше против екипи од долниот дел на табелата.
РАСПОРЕД НА НАТПРЕВАРИТЕ
28.03.2026
Спорт Тим – МЗТ Скопје 16:00
Патриот – Пробаскет 18:00
Крива Паланка – Бадел 18:00
29.03.2026
Баскет Кам – Вардар 14:00


