Со синоќешниот пораз на домашен терен од Сан Антонио, Милвоки и официјално ги загуби шансите за пласман во плејофот од НБА лигата.
Спарс славеа со 127-95 и ја продолжија потерата по лидерот на Западната конференција, Оклахома Сити Тандер, а во исто време ги згаснаа сите надежи на домашните фанови. Сите очи сега се насочени кон сезоната 2026-27 која може да биде прва по подолго време без најголемата ѕвезда во тимот Јанис Адетокунбо кој е во голем конфликт со управата на франшизата.
Ова е првпат Бакс да го пропуштат плејофот од сезоната 2015-16, прекинувајќи ја импресивната серија од девет последователни настапи во плејофот.
Главната причина за овој пад беа повредите на клучните играчи, првенствено Јанис Адетокунбо, но и лошата тимска одбрана под водство на тренерот Док Риверс.
РЕЗУЛТАТИ:
Милвоки – Сан Антонио 95-127
Минесота – Детроит 87-109
Шарлот – Филаделфија 114-118
Атланта – Сакраменто 123-113
Мемфис – Чикаго 125-124
Феникс – Јута 134-109


