Поранешниот шампион на Македонија, Тиквеш направи големо изненадување откако вечерва го совлада Пелистер како гостин го совлада Пелистер со 88-82 и ги задржа шансите за пласман во топ-6.
Ова е четврта победа во последните пет кола за кавадарчани и со неа се израмни со шестопласираниот МКК Куманово во пресрет на последното коло од основниот дел. За место во плејофот, Тиквеш ќе се бори идниот викенд на домашен терен со ТФТ.
Денешната победа ја оствари најмногу благодарение на играта во последната четвртина во која влезе со негатива од пет разлика (62-67), а по десетина секунди беше и -7. Одлучувачка беше серијата од 15-0, Пелистер беше без поен повеќе од пет минути, а нешто подоцна Тиквеш имаше и двоцифрена предност (83-73). Најмногу што успеаја домаќините да се доближат беше на пет разлика, но не и да ја загрозат победата на противникот.
Парсонс со 21 поен и 13 скока беше убедливо најдобар играч на Тиквеш, Хоукинс додаде 20 поени, а Бошалески 15. Исто толку имаа најефикасните на спротивната страна – Вилсон и Митревски. За Пелистер поразот нема големо значење бидејќи останува бетониран на третото место.


