Македонскиот стручњак Никола Божиноски со победа го заврши основниот дел од сезоната во првенството на азербејџанското првенство.
Во последното коло, неговиот Нахчиван како гостин ја совлада Губа со 103-96 во меч кој немаше големо значење бидејќи одамна се знаеше конечниот распоред на табелата. Нахчиван го заврши основниот дел како второпласиран, со биланс 16/4, а сите четири порази ги доживеа од лидерот Орду.
Во првата рунда од плејофот, тимот на Божиноски ќе се сретне со Сархачи кој го освои третото место со само осум победи и 12 порази.


