Шеј Гилџес Александер е еден од најдобрите светски кошаркари во моментов, но неверојатната е заштитата која канадскиот репрезентативец од судиите.
Суперѕвездата на Оклахома Сити Тандер постигна 47 поени, а неговиот тим го победи Детроит Пистонс со 114-110 во продолжение. Безмалку половина од вкупниот број поени (21) реализира од линијата за слободни фрлања бидејќи доби 25 „пенали“. Целиот тим на Детроит изведе 23 слободни фрлања, а остатокот од екипата на Оклахома – само седум.
Со тоа Гилџес Александер го продолжи својот НБА рекорд на 136 натпревари по ред со најмалку 20 поени.
Тандер стана првиот тим во лигата што стигна до 60 победи оваа сезона, а ова е првпат во историјата, Оклахома да оствари толкав број триумфи во две последователни сезони. Победата број 15 на Тандер во последните 16 натпревари ја одржа екипата на два натпревара пред Сан Антонио Спарс на врвот на табелата во Западната конференција.


