По само една сезона помината на Универзитетот Стони Брук, македонскиот репрезентативец Андреј Шошкиќ ќе си замине и ќе се обиде да најде тим во НЦАА што игра на повисоко ниво и со поголеми амбиции.
Денеска тој се заблагодари на сите во тимот на Сивулфс и во исто време се збогува од нив.
„Благодарен сум за времето поминато на Стони Брук и на сите што беа дел од ова мое патување – тренерите, соиграчите, соработниците и цела заедница која ми даваше поддршка. По внимателна анализа, одлучив да побарам нов предизвик и да почна нова етапа во кариерата“, објави Шошкиќ.
Преодниот рок во НЦАА се отвора на 7 април, а нашиот плејмејкер веќе има неколку варијанти за продолжување на кариерата.


