На две кола пред крајот на „оролоџо“, Крива Паланка дефинитивно ја обезбеди пол-позицијата во Првата македонска кошаркарска лига жени, пред плејофот.
Во последното дерби од оваа фаза, Крива Паланка како гостин го победи Вардар со 84-63 и ја задржа предноста од две победи пред конкурентите. За тимот од истокот на Македонија остануваат уште само дуелите со аутсајдерите Пробаскет и МЗТ Скопје кои ќе послужат како подготовка за она што следува во плејофот.
Што се однесува до денешниот натпревар, беше решен во третата четвртина која Крива Паланка ја доби со 24-7, а највисоката предност изнесуваше 25 поени. Блескаше Робинсон која постигна 34 поени со осум поени и пет скока, Нијхуис оствари дабл дабл со 18 поени и 10 скока, а двоцифрена беше и Грин со 11 поени. Милица Николиќ го предводеше Вардар со 19 поени и 12 скока.
Не е исклучено овие две екипи да се сретнат и во полуфиналето од плејофот, но тоа ќе се решава во следното коло кога се среќаваат Бадел и Вардар.


