Страхиња Јокиќ, постариот брат на ѕвездата на Денвер Нагетс, Никола Јокиќ повторно се најде во центарот на вниманието поради неговото однесување на трибините за време на натпреварот помеѓу Денвер и Сан Антонио Спарс. Овојпат, неговата реакција беше насочена кон навивач на противничкиот тим.
За време на натпреварот, српскиот центар погоди 15 слободни фрлања, што предизвика негодување и потсмев кај некои навивачи на гостинскиот тим, кои веруваа дека судиите премногу го штитат. Таквото однесување го испровоцира Страхиња. На социјалните мрежи се појави видео на кое се гледа како тој бурно реагира и вика на навивач на Спарс кој му се смеел на Никола откако бил досуден фаул. На навивачот очигледно не му беше удобно, но ситуацијата брзо се смирила без никаков поголем инцидент.
Nikola Jokic’s brother was screaming at this Spurs fan to sit down. 🤣💀
— Hoop Central (@TheHoopCentral) April 5, 2026
Strahinja was HEATED.
(h/t @MileHighRachel)
pic.twitter.com/2pfu9yKmTJ
Патем, ова не е првпат Страхиња да привлече внимание поради своето однесување на трибините. На крајот од минатата сезона, тој беше осуден на 12 месеци условна казна во САД за напад врз навивач за време на натпреварот помеѓу Денвер и Лос Анџелес Лејкерс, кој се одржа во април 2024 година.


