ТФТ ќе има мошне тешка задача да го задржи првото место на табелата пред плејофот бидејќи гостува на Тиквеш кој се наоѓа во одлична форма. Воедно, скопскиот тим треба да ги чува силите бидејќи веќе задутре го очекува првиот полуфинален дуел од АБА 2 лигата против Сутјеска во Никшиќ. Денешниот меч, како и останатите, почнува во 18 часот.


