ТФТ како првопласиран ќе влезе во плејофот од Суперлигата иако денеска доживеа тотален дебакл во Кавадарци во последното коло од основниот дел.
Екипата од Тафталиџе загуби на гостувањето кај Тиквеш со 74-102, но подарокот не го искористи бранителот на титулата МЗТ Скопје кој беше шокиран во Чаир и не го искористи подарокот. Чаирчани славеа со 76-68 за потврда на кризата на МЗТ Скопје кој и минатата недела се провлече во „вечното“ дерби со Работнички на домашен терен.
ТФТ беше во загубена позиција уште во првото полувреме, додека МЗТ загуби поради серијата на Чаир од 15-0 пред крајот на третата и почетокот на последната четвртина што беше вистински шок за шампионот. Одличен натпревар одигра Тачи кој постигна 17 поени, 12 асистенции и седум скока, но тоа не му беше доволно на Чаир да се пласира во плејофот и ќе продолжи во лигата за опстанок.
Тиквеш со победата против ТФТ си обезбеди пласман во плејофот што е извонреден резултат за шампионот, а место во него има уште за Маџари кој очекувано немаше проблеми со Ангели, како и за Кожув кој со голем пресврт го совлада Пелистер со 89-82. Најголем губитник е МКК Куманово кој по финалето во Купот на Македонија влезе во голема криза, доживеа неколку порази, а денеска и Работнички го потврди неговиот дебакл.
Најдобрите шест екипи во досегашните 22 кола одат во првата фаза од плејофот каде ќе играат еднокружно „секој со секого“, додека оние од седмата до 12. позиција ќе се борат за опстанок, исто така по еднокружен систем „секој со секого“. Од лигата за титула, најдобрите четири екипи одат во полуфиналето од плејофот, додека најслабите три од плејаутот испаѓаат од лигата.
РЕЗУЛТАТИ
Чаир – МЗТ Скопје 76-68
Кожув – Пелистер 89-82
Гостивар – Феникс 76-74
Маџари – Ангели 106-81
Работнички – МКК Куманово 76-72
Тиквеш – ТФТ 102-74


