Откако денеска заврши основниот дел од сезоната во Суперлигата, познат е распоредот на натпревари за првата фаза од плејофот која ќе брои пет кола.
Шесте екипи ќе играат еднокружен „Бергер“ систем, „секој со секого“, а првите четири потоа одат во полуфиналето. Со оглед на тоа што ТФТ и МЗТ Скопје се далеку пред останатите, за првото место ќе одлучува нивниот меѓусебен дуел.
Тој ќе биде на програмата во второто коло, а домаќин е ТФТ кој го освои првото место по основниот дел. Се чини дека тимот од Тафталиџе има нешто потежок распоред и покрај тоа што заврши како првопласиран затоа што им гостува не незгодните Пелистер и Кожув. Од друга страна, МЗТ Скопје сите пет натпревари ќе ги игра во Скопје затоа што двете гостувања му се кај ТФТ и Маџари.
РАСПОРЕД ЗА ПЛЕЈОФОТ
- КОЛО
ТФТ – Тиквеш
МЗТ Скопје – Кожув
Пелистер – Маџари - КОЛО
Тиквеш – Маџари
Кожув – Пелистер
ТФТ – МЗТ Скопје - КОЛО
МЗТ Скопје – Тиквеш
Пелистер – ТФТ
Маџари – Кожув - КОЛО
Тиквеш – Кожув
ТФТ – Маџари
МЗТ Скопје – Пелистер - КОЛО
Пелистер – Тиквеш
Маџари – МЗТ Скопје
Кожув – ТФТ


