Идната недела почнува разигрувањето и за титулата и за опстанок, а подеднакво интересно се очекува да биде на двата фронта.
Сепак, што се однесува до плејаутот, тој може да биде решен веќе во првото коло. Работнички ќе го пречека Феникс и ако победи, ќе направи огромен чекор кон опстанокот во елитата имајќи предвид дека така ќе му избега две победи на четири кола пред крајот со тоа што ќе го има и дуелот со отпишаниот Ангели.
Се чини дека Чаир веќе има обезбеден опстанок дури и да ги загуби сите пет меча бидејќи му бега три победа на Феникс, а во првото коло ги пречекува отпишаните Ангели. На МКК Куманово му треба многу малку, но сепак главната борба за опстанок ќе ја водат Работнички и Феникс.
РАСПОРЕД ЗА ПЛЕЈАУТОТ
- КОЛО
Чаир – Ангели
МКК Куманово – Гостивар
Работнички – Феникс - КОЛО
Ангели – Феникс
Гостивар – Работнички
Чаир – МКК Куманово - КОЛО
МКК Куманово – Ангели
Работнички – Чаир
Феникс – Гостивар - KOLO
Ангели – Гостивар
Чаир – Феникс
МКК Куманово – Работнички - КОЛО
Работнички – Ангели
Феникс – МКК Куманово
Гостивар – Чаир


