Плејмејкерот на МЗТ Скопје, Андреј Магдевски денеска беше опериран откако минатиот месец доживеа тешка повреда на коленото.
Несреќниот момент се случи на натпреварот против Тиквеш, Магдевски по тој меч повеќе не заигра, а во следниот период следува тежок процес на рехабилитација. Јасно е дека за него е завршена оваа сезона, а ќе биде голем предизвик подготвен да го дочека почетокот на следната.
Хируршкиот зафат го изврши докторот Михајло Ивановски од болницата „Аџибадем Систина“.
Повредата на Магдевски дојде неколку недели по херојскиот настап во дуелот против Азербејџан во Баку, во претквалификациите за претстојното Европско првенство, кога со своите луцидни продори, тројки и одличната одбрана ја разбуди македонската репрезентација и го иницираше пресвртот по -18, колку што беше во првото полувреме.


