Поранешниот македонски репрезентативец Лестер Бо Мекејлеб преку социјалните мрежи се прости со Душко Вујошевиќ кој почина денеска.
Плејмејкерот кој својата афирмација ја доживеа во Партизан, токму под водство на Вујошевиќ, имаше емотивна порака за својот поранешен ментор.

„Почивај во мир, легендо, ќе недостасуваш“, напиша Мекејлеб.
Тој играше под водство на Вујошевиќ во сезоната 2009/10 кога Партизан направи сензација и се пласира на завршниот турнир од Евролигата, а во полуфиналето малку недостасуваше да го победи Олимпијакос и да стигне до мечот за трофејот. Таа сезона Мекејлеб и Вујошевиќ заедно триумфираа во АБА лигата, благодарение на онаа спектакуларна тројка на Кецман преку речиси цел терен, а тоа лето Американецот првпат заигра за македонската репрезентација, во квалификациите за Европското првенство во 2011.


