Македонскиот стручњак Горан Самарџиев успеа да обезбеди опстанок во косовското првенство со својот тим Раховеци откако во последното коло слаавеше на гостувањето кај Ули со 89-83 по продолжение.
На крајот, три екипи (Приштина, Раховеци и Велазними) имаа по 38 бода, но во кругот, Велазними беше најслаб и продолжува во Втората лига. Оваа сезона нема бараж за опстанок, па Раховеци со ова официјално го сочува својот прволигашки статус во косовското првенство.
Тоа е голем успех за Самарџиев бидејќи неговиот клуб е со најмал буџет во оваа конкуренција. Во текот на сезоната се соочи со многу проблеми, но во последните пет кола успеа да оствари три победи, вклучувајќи една на гостински терен против директниот ривал Велазними и тоа му донесе остварување на целта.


