Екипата на Работнички оствари исклучително значајна победа во претходното коло од Суперлигата, против МКК Куманово, но истата скапо ќе ја плати.
Тимот од Градски парк е казнет со вкупно 76.800 денари по разни основи, но најмногу поради однесувањето на навивачите. Дури 48 илјади денари од вкупната казна се за фрлање тврди предмети на теренот и плукање службени лица, додека останатите 28.800 се поради техничките грешки на тренерот Мирковски и Дамјан Робев. Ова е прва ваква казна за Работнички откако се врати во својот дом во Градски парк.
Работнички би можел да помине со половина од оваа сума ако ја плати до излегувањето на следниот билтен.


