Јурица Големац го напушта Дубаи откако денеска добил отказ од клубот, објавија вечерва бројни европски медиуми.
Дубаи неодамна беше изненадувачки поразен од Анадолу Ефес во 37. коло од Евролигата, што драстично ги намали шансите на тимот за плеј-ин, па менаџментот на клубот се одлучи на ваков чекор. Словенечкиот стручњак стигна до многу солидна позиција за плејофот по квалитетната игра и подвигот против Жалгирис во Каунас, но не успеа да го искористи тоа во Сараево против еден од најслабите тимови во Евролигата.
Големац беше промовиран во главен тренер на Дубаи пред нешто помалку од две години, моментално е лидер во АБА лигата со биланс од 19-2, додека во Евролигата има резултат од 19-18 и е на 11. место на табелата на коло пред крајот на основниот дел. Во последниот круг, Дубаи ја пречекува Валенсија и му е потребна победа за да продолжи понатаму, а треба да се совпаднат и некои други резултати, пред сè пораз на Барселона од Баерн во Блауграна.
Големац е десетти тренер кој сезонава доби отказ во Евролигата што значи дека половина клубови се одлучиле да ги сменат своите предводници.


