Кошаркарскиот тим на Торонто убедливо го победи Бруклин со 136-101, а со тоа е потврден историскиот успех на српскиот стручњак Дарко Рајаковиќ.
Тој стана првиот европски тренер кој стигна до плејофот од НБА лигата. Финецот Туомас Исало го предводеше Мемфис во плејофот минатата сезона, но во тоа време беше привремен тренер откако пред крајот на основниот дел од сезоната менаџментот го отпушти дотогашниот предводник Тејлор Џенкинс. Рајаковиќ цела сезона беше прв тренер, го селектираше овој тим и затоа овој успех добива дополнителна сила.
BIG DUB 👏👏👏 pic.twitter.com/V0AXE2ESSd
— Toronto Raptors (@Raptors) April 13, 2026
Репторс ги консолидираа своите редови кога беше најважно, чекаа на грешките на нивните директни ривали и го освоија петтото место на Истокот.
А во плејофот, Торонто ќе се сретне со Кливленд, а предноста на домашниот терен ќе ја има тимот од Охајо. Следна цел за Рајаковиќ е да стане прв европски тренер со победа во плејофот бидејќи лани Исало загуби со 0-4 од Оклахома.


