Екипата на Портланд Треил Блејзерс го освои седмото место во Западната конференција откако ноќеска го победи Феникс како гостин со 114-110.
Со тоа Портланд обезбеди пласман во плејофот, првпат по 2021 година, а во првата рунда ќе му биде противник на Сан Антонио Спарс. Во серијата, Блејзерс ќе се обидат да стигне до првата победа по пауза од седум години имајќи предвид дека последните две учества во плејофот ги загубија со 0-4.
Херој на Портланд беше израелскиот репрезентативец Дени Авдија кој постигна 41 поен од одличен шут за два – 12/14. Оствари и 12 асистенции и две блокади, а најдобар беше во клучните моменти – кога се одлучуваше натпреварот.
Феникс ќе има втора шанса за пласман во плејофот, против подобриот од дуелот меѓу Лос Анџелес Клиперс и Голден Стејт Вориорс кој се игра вечерва.
Во плејинот од Источната конференција, Шарлот го совлада Мајами со 127-126 по продолжение и се избори за уште една шанса за плејофот. За осмото место, Хорнетс ќе играат против Орландо или Филаделфија.


