Кошаркарот на Лос Анџелес Лејкерс, Лука Дончиќ и српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ вечерва го следат во живо натпреварот меѓу Реал и Црвена Звезда во Мадрид во последното коло од Евролигата.
Двајцата пораснаа навивајќи за Звезда, но Лука се прослави играјќи за Реал Мадрид, па нејасно е за кого навива на овој натпревар.
Новак дојде на натпреварот со својот син Стефан, а Лука со својот татко Саша, исто така поранешен кошаркар. Славните спортисти беа бурно поздравени од публиката во арената во Мадрид.


