Второто коло од плејофот во кошаркарската Суперлига носи пресметка меѓу најголемите фаворити за титулата оваа сезона ТФТ и МЗТ Скопје.
Поради подобриот пласман во основниот дел од сезоната, домаќин е тимот од Тафталиџе, но натпреварот ќе го игра далеку од својата матична населба. Дуелот е закажан за утре, 18 април, од 13 часот во салата во Основното училиште „Наум Наумовски Борче“ во Маџари. Тоа ќе биде трето место на кое ќе се сретнат ТФТ и МЗТ Скопје оваа сезона откако првиот меч се играше во „Јане Сандански“, а вториот надвор од главниот град, во Негорски бањи.
ТФТ потоа ќе има доволно време да се одмори и подготви за првиот натпревар од финалето на АБА 2 лигата против Широки на гостински терен, а кој се игра на 22 април.
РАСПОРЕД НА НАТПРЕВАРИТЕ
ПЛЕЈОФ
18.04.2026 ТФТ – МЗТ Скопје 13:00
18.04.2026 Кожув – Пелистер 17:00
18.04.2026 Тиквеш – Маџари 18:00
ПЛЕЈАУТ
18.04.2026 Ангели Феникс 17:00
18.04.2026 Гостивар – Работнички 18:00
18.04.2026 Чаир – МКК Куманово 19:00


