Поранешниот вицешампион на Македонија, Пелистер триумфално прошета низ Гевгелија и со победа од 95-85 официјално обезбеди пласман во полуфиналето од плејофот.
Многу веројатно во него ќе влезе од третото место и ќе се обиде да го повтори успехот од минатото кога три пати по ред стигнуваше до големото финале. Денеска стигна до победата и покрај тоа што во определени делови од натпреварот беше во подредена улога.
Кожув подобро го отвори мечот, водеше со 17-8 по шест минути, но во вториот период Пелистер целосно го сврте резултатот во своја корист и отиде на 29-22. На крајот од првото полувреме гостите имаа +1 (47-46) за во третиот квартал Кожув да направи нов пресврт и да поведе со 68-64. Клучниот период од натпреварот беа првите пет минути од последната четвртина. Во нив Пелистер отиде на +12 (86-74), Кожув подоцна се доближи на -6, но не успеа да дојде до победата.
Цела стартна петорка на домашниот тим имаше двоцифрен ефект, Малешевиќ беше најефикасен со 21 поен, а Дејвис постигна 20. Боуен со 22 поена го предводеше домашниот тим.


