Лос Анџелес Лејкерс поведе во плејоф серијата против Хјустон Рокетс откако ноќеска славеше со 107-98 на домашен терен.
Во отсуство на повредениот Лука Дончиќ, Леброн Џејмс доминираше во тимот од Калифорнија, а се појави во вистинските моменти и донесе предност. Оствари дабл-дабл од 19 поени, 13 асистенции и осум скока, уште еднаш покажувајќи дека годините уште не му можат ништо.
Лук Кенард најмногу имаше корист од „кралот“ и беше најефикасен со 27 постигнати поени. Клучот за победата на Лејкерс беше запирањето на Алперен Шенгун, кој остана на само 19 поени во тимот на Хјустон.

Лејкерси поведоа, но се надеваат на враќањето на Лука Дончиќ, кој се уште заздравува од повредата. Лејкерс го чекаат и враќањето на Остин Ривс, кој исто така е повреден, но ќе мора да почекаат малку подолго од Дончиќ и тој би се вратил само ако тимот од Лос Анџелес стигне до завршницата на плејофот.
РЕЗУЛТАТИ
ЛА Лејкерс – Хјустон 107-98
Њујорк – Атланта 113-102
Денвер – Минесота 116-105
Кливленд – Торонто 126-113


