Македонскиот репрезентативец Адем Мекиќ го одигра можеби најдобриот натпревар откако се врати во тимот на Задар.
Шампионот на Хрватска оствари тешка победа против Забок на домашен терен (79-77), а огромен придонес за тоа имаше 30-годишниот бек. За 34 минути во игра, Мекиќ беше прв стрелец на натпреварот со 17 поени, додаде уште шест скока и пет асистенции за индекс 23 што му го донесе признанието за играч на натпреварот.
Постигнатите 17 поени се рекорд за Мекиќ откако се врати во Задар, претходен рекорд му беа 16 против Цедевита, минатиот месец.


