Македонскиот репрезентативец Адем Мекиќ синоќа одигра извонреден натпревар против Забок во првенството на Хрватска, а на мечот се истакна на двата краја од теренот.
Мечот беше тесен и неизвесен до крајот, Задар победи со само два поена разлика, па од големо значење беа 17. поени на Мекиќ, како и неговата игра во одбрана.
Еден од најатрактивните моменти се случи во третата четвртина кога нашиот кошаркар прво украде една топка, а потоа без проблеми ја заби во противничкиот обрач. Ваквите ситуации се карактеристични за Мекиќ низ неговата кариера бидејќи секогаш бил пожртвуван во одбраната и максимално се трудел на двете страни од теренот.


