Кошаркарот на Сан Антонио Спарс, Виктор Вембанјама е прогласен за дефанзивец на годината во НБА што и не е неочекувано, ако се има предвид неговиот ефект оваа сезона.
Французинот го направи тоа на доминантен начин, бидејќи одлуката беше едногласна, за првпат во историјата на НБА. Вембанјама ги доби сите 100 први места и освои максимален број гласови, додека Чет Холмгрен се најде на второто место со 76 бода, што го прави втор најдобар одбранбен играч во лигата. Никогаш порано немало толкава разлика и помала дебата меѓу гласачите за тоа кој треба да ја освои наградата.
The 2025-26 @Kia NBA Defensive Player of the Year is… Victor Wembanyama! pic.twitter.com/ypmVzV7EeA
— NBA (@NBA) April 20, 2026
Признанието се доделува од сезоната 1982/1983, а одлуката никогаш не била едногласна. Тоа не е изненадување, бидејќи Вембанјама е најдобар блокер во лигата, а со ова стана и најмладиот најдобар одбранбен играч во историјата на лигата.
Ова е прво големо индивидуално признание во кариерата на Вембанјама кој пред две години беше избран за дебитант на годината.


