По 12 години на клупата, Стив Кер летово ќе го напушти Голден Стејт Вориорс, тврдат американските медиуми кои очекуваат само потврда од франшизата од Калифорнија.
Според нив, Кер полека сфаќа дека е дојден крај на циклусот и не постојат пари што ќе го задржат на клупата. Наводно, тој веќе разговарал со менаџментот на клубот и го поделил своето мислење дека Вориорс треба да се свртат кон иднината имајќи предвид дека носителите на тимот се длабоко навлезени во четвртата деценија од животот.
Голден Стејт Вориорс е единствен тим во тренерската кариера на Стив Кер, негов предводник беше од 2014 година и освои четири шампионски титули. Во 2016 година беше прогласен за тренер н годината, а потоа избран во топ-15 тренери на сите времиња во НБА лигата.


