Екипата на Гостивар по девет години во елитата, од идната сезона ќе се натпреварува во Првата македонска кошаркарска лига откако денеска дефинитивно ги загуби шансите за опстанок.
На гостиварците им требаше победа над Феникс и пораз на Работнички од Чаир, но не се случи ни едното, ни другото. Затоа беа испаднати уште пред да го почнат својот меч, а потоа загубија од Феникс со 98-87. Домаќинот на овој меч ги задржа теоретските шанси за опстанок, но треба многу работи да се поклопат за да се случи такво нешто.
Феникс ја имаше контролата на денешниот натпревар, но дури во второто полувреме го скрши отпорот на противникот. На осум минути пред крајот беше 70-65, па со неколку кратки серии потоа, домаќините направија двоцифрена предност и дојдоа до важната победа.
Рахама со 23 поени беше најефикасен кај Феникс, но се истакна и Ниа со 20 поени и 12 скока. Карахоџиќ го предводеше тимот на Гостивар со 23 поени.


