Третото коло од плејофот во кошаркарската Суперлига завршува денеска со дербито меѓу Пелистер и ТФТ. За битолскиот тим, натпреварот нема резултатско значење бидејќи со каков било исход ќе го освои третото место, додека ТФТ мора да победи за да се одржи на првото место, односно да ја сочува предноста од два бода пред МЗТ Скопје. Дуелот меѓу Пелистер и ТФТ се игра од 19 часот.


