Единствениот меч од плејофот во Суперлигата што се игра денеска е дуелот меѓу Тиквеш и Кожув, но тој нема апсолутно никакво резултатско значење бидејќи двете екипи ги загубија шансите за пласман во полуфиналето. Единствен императив им е тоа кој ќе го освои петтото место што не носи ништо посебно. Мечот во Кавадарци се игра од 18 часот.


