Чаир во многу комотна ситуација го пречекува Феникс, без резултатски императив бидејќи го обезбеди опстанокот во елитата. Феникс, од друга страна, мора да победи и да очекува пораз на Работнички утре од МКК Куманово за да ги задржи до последното коло шансите за опстанок во елитата. Натпреварот на Чаир и Феникс се игра од 19 часот.


