Меѓу двата меча од финалната серија во АБА 2 лигата, ТФТ има напорен распоред и во домашното првенство, ако се знае дека пред два дена му гостуваше на Пелистер, а денеска го пречекува Маџари. Лидерот нема право на нов кикс ако сака да остане на челната позиција, па ќе мора да го совлада градскиот ривал со кого може да се сретне и во полуфиналето од плејофот. Мечот се игра во Градски парк од 13 часот.


