Екипата на Старогард Гдањски, предводена од македонскиот стручњак Дарко Радуловиќ, обезбеди пласман во полуфиналето од плејофот на Втората лига на Полска.
По вчерашниот минимален пораз од Ланцут (81-82), во третиот меч, денеска Старогард Гдањски како гостин славеше со 91-82 и со вкупно 3-1 обезбеди место меѓу четирите најдобри. Победникот беше решен во последната четвртина која тимот на Радуловиќ ја доби со 28-18 и направи недостижна разлика за домашниот тим.
Во полуфиналето, Старогард Гдањски ќе се сретне со првопласираната екипа од основниот дел Бидгошч со тоа што, за разлика од серијата до Ланцут, нема да ја има предноста на домашниот терен.


