Асвел си оди идната сезона, но Франција повторно ќе има три екипи во Евролигата откако денеска Бург ја освои титулата во Еврокупот.
Во финалето го совлада Бешикташ со 2-0, а вториот поен во серијата го освои вечерва на домашен терен, по голема драма славеше со 73-71. Бург ја имаше иницијативата речиси цел натпревар, но Бешикташ во финишот се закани дека може да направи пресврт откако на 16 секунди пред крајот, Метјус погоди тројка за израмнување. Сепак, до продолжение не дојде бидејќи речиси со истекот на времето Мокока со положување го постави конечниот резултат.
BUILT FOR THIS. MOKOKA WITH THE KILLER BLOW 🥶 pic.twitter.com/BERoUgXIRa
— BKT EuroCup (@EuroCup) April 28, 2026
Бург е клуб кој постои 116 години, но никогаш не бил шампион на Франција. Досега најголемиот успех му се пласманите во финалето од Купот на Франција во 2006, 2019 и 2023 година, како и финалето во Еврокупот пред две години кога загуби од Париз, предводен од Ти Џеј Шортс.
Од идната сезона ќе настапува во Евролигата, заедно со Монако и Париз и ќе се обиде да покаже дека пласманот во европската елита не е случаен.


