Германскиот репрезентативец Исак Бонга, по се изгледа, ќе го напушти Партизан на крајот од оваа сезона.
Според српските медиуми, Детроит Пистонс подготвил понуда за крилниот играч и го сака во својот тим за сезоната 2026/27.
„Извори кои се добро запознати со настаните во Детроит Пистонс потврдија дека најдобриот тим во Источната конференција го убедил германскиот репрезентативец дека тој припаѓа во НБА лигата според квалитетот и дека е време да се врати. Бидејќи ова се совпаѓа со кошаркарските амбиции на Бонга, прашање е на денови кога тој ќе ја активира клаузулата за излез и ќе го направи преселбата во градот кој е центар на американската автомобилска индустрија. Ова треба да се случи на 20 јули, денот по завршувањето на Летната лига во Лас Вегас“, пишуваат кај нашиот северен сосед.
На 38 натпревари во Евролигата оваа сезона, Бонга имаше просек од 9,9 поени, 5,6 скока и околу 14,3 индексни поени по натпревар, додека во АБА лигата постигнуваше по 7,4 по натпревар. Германецот пристигна во Партизан од Баерн Минхен, а во НБА играше за Вашингтон Визардс, Лос Анџелес Лејкерс и Торонто Репторс.


