Работнички ја продолжи серијата победи откако се пресели во Градски парк, совладувајќи го вечерва тимот на Ангели со 99-84.
Иако аутсајдери, гостите одиграа добар натпревар и покажаа дека некои од најдобрите млади кошаркари во лигата играат кај нив. Работнички имаше и 24 поени предност, но Ангели секогаш наоѓаа начин да се вратат и да се изборат барем за достоен пораз.
Играч на мечот беше хрватскиот интернационалец Роберт Рикиќ кој на последниот натпревар во сезоната постигна 31 поен и 18 скока за индекс 50, еден од највисоките оваа сезона во елитната конкуренција. Се истакна и Ефремовски со 24 поени, како и Лука Петровски со 14.
Ангел Кечовси ги предводеше Ангели со 24 поени, Рубин Стефанов постигна 21, а Настовски 13.


