Црвена Звезда денеска доживеа епска бламажа откако загуби на гостувањето кај Златибор (89-94), во вториот меч од плејинот во српското првенство.
Сепак, освен поразот на евролигашот, натпреварот во Чајетина го одбележа идиотското однесување на кошаркарот на Црвена Звезда, Никола Калиниќ. Во третата четвртина, при една акција на Златибор, српскиот репрезентативец одигра добра одбрана над противничкиот кошаркар Матеј Чибеј со кого потоа заврши на паркетот.
— OvoOno (@OvoOnoX) May 1, 2026
Од досега непознати причини, Калиниќ прво со нозете го „зароби“ Словенецот, а потоа почна да го удира со боксови во главата. Веднаш на теренот влетаа играчите на двата тима, како и членови на стручните штабови, а Калиниќ не само што не се смири, туку и се обиде да се пресмета со уште неколку противнички кошаркари.
CRAZY SCENES after Zlatibor tied best-of-three series at 1-1 against Crvena Zvezda in the Serbian League quarterfinals.
— Basketball Sphere (@BSphere_) May 1, 2026
Nikola Kalinic was ejected after a big incident with Matej Cibej, and after the game he got into another brawl.pic.twitter.com/fYXFN7xIjz
На крајот, исклучени беа не само директните актери во тепачката Калини и Чибеј, туку и Давидовац и Изунду кај Звезда и Хантер и Савиќ кај Златибор. И тука Калиниќ не се смири бидејќи одејќи кон соблекувалната се скара со навивачите и сакаше физички да се пресмета со нив. Тепачката продолжи по натпреварот кога Калиниќ се фати за гуша со домашни фанови на трибинага и со него размени неколку удари.


