Саша Обрадовиќ, тренерот на Црвена звезда, беше очаен по срамниот пораз на неговиот тим од Златибор во Чајетина со 89-94.
Златибор одигра незаборавен натпревар и избори „мајсторка“ во четвртфиналната серија на Српската кошаркарска лига. Овој натпревар остана во сенка на скандалот, кој се случи на крајот од третата четвртина, кога Никола Калиниќ го нападна Матеј Чибеј, а судиите исклучија по тројца кошаркари на двете страни.
„Честитки до Златибор, заслужија да победат. Што се однесува до нас, ова не е само кошаркарска, туку и човечка срамота. Срамно однесување, пред сè, пред клубот, ако можам да се извинам за ова однесување и оваа тепачка и сè што се случи“, рече Обрадовиќ на прес-конференцијата по натпреварот.
Искусниот стручњак мораше да ја чисти бламаата што ја приреди Калиниќ и продолжи со ист тон.
„Искрено се извинувам. Никогаш не сум бил дел од ваков вид реакција, тоа е првото извинување. Второто нешто, што се однесува до кошарката и приказната за плејофот. Ова е чиста реалност преку овој тим, со сета почит кон Златибор. Ако размислувате и зборувате за плејофот, и прикажувате ваков натпревар… Тоа е излишна приказна. Честитки, немам што повеќе да додадам, тоа е тоа“, додаде Обрадовиќ.


