Поранешната македонска репрезентативка, сега во улога на тренер, Јелена Антиќ со својот тим Келтерн стана шампион на Германија.
Во финалната серија, Келтерн беше подобар од Марбург со 3-1, а клучната победа ја оствари вечерва како гостин со 73-62. По првите два меча на теренот на Келтерн, резултатот беше 1-1, но потоа тимот на Антиќ ги доби двата натпревари на гости и со нив ја освои, односно ја одбрани титулата во женската Бундеслига. За Келтерн ова е четврта титула во последните шест сезони.
Антиќ е асистент во стручниот штаб на Келтерн, каде прв тренер е Хрватката, Матеа Тавиќ.


