Ѕвездата на Денвер Нагетс, Никола Јокиќ ја заврши сезоната откако тимот од Колорадо беше елиминиран во првото коло од плејофот во Западната конференција.
Никола Јокиќ е секогаш во центарот на вниманието, дури и по разочарувачката серија – и за него и за целата франшиза – и по таква серија, секогаш се зборува за неговото останување. Србинот никогаш не го доведувал во прашање своето останување, честопати нагласувајќи дека сака да игра во Денвер до крајот на кариерата, а сега би можел да ја продолжи својата верност.
Според новинарот Шемс Чаранија, Јокиќ наскоро би можел да потпише нов, четиригодишен договор вреден 278 милиони долари. Искусниот центар е сè уште некој околу кого се планира да се гради тимот во наредните години, а околу него би можело да има промени.
„Можам да ви кажам дека Денвер Нагетс, од раководството на клубот до организациската структура, веруваат на зборот на Никола Јокиќ. Тој сака да биде таму. Ова не е ситуација каде што тој зборува за потенцијално заминување или барање друга позиција или поставување услови како: Еј, момци, треба да го направите ова или она. Тој вели: Јас сум тука, што и да се случи, повторно потпишувам. Тоа е правилниот пристап, но ќе има промени во Денвер. Не знам точно колку, но ќе има промени. Тие се многу ограничени финансиски во наредниот период, па затоа ќе има многу разговори за играчите во новиот состав“, објави Чаранија.
Прашање е со новиот договор на Јокиќ, колкав буџет би имал Денвер за значајни промени во тимот и за создавање на екипа која повторно би се борела за титулата во НБА. Во Западната конференција има неколку екипи кои се во пикот на својата зрелост, како Оклахома и Минесота и екипи кои надоаѓаат, како Сан Антонио и Хјустон, а Денвер, освен Јокиќ, нема апсолутно ништо со што би можел да им парира, а нема ниту високи пикови на драфтот со кои може да ја освежи екипата.


