Екипата на Филаделфија го победи Бостон Селтикс со 109-100 во седмиот натпревар од првата рунда на плејофот и се пласира во полуфиналето на Источната конференција.
Бостон за првпат во својата историја изгуби серија откако водеше со 3-1, со што овој триумф на Сиксерс во ТД Гарден стана историски. До него, тимот на Ник Нурс беше предводен од Жоел Ембиид, кој се истакна со дабл-дабл од 34 поени и 12 скока, заедно со шест асистенции.
Тој имаше одлична поддршка во Тајрис Макси, кој повторно го наполни кошот на Селтикс, овојпат со 30 поени, 10 украдени топки и седум асистенции. Бостон беше без повредениот Џејсон Тејтум, а Џејлен Браун, со 33 поени и девет скока, не можеше да го надомести неговото отсуство.
Филаделфија постојано имаше предност, почнувајќи од почетните 9-0, а домаќините поведоа само еднаш во средината на втората четвртина кога беше 37-36. Потоа, гостите повторно го свртеа резултатот, на полувреме имаа +5 (55-50), а во второто полувреме додадоа гас и го скршија отпорот на 18-кратниот шампион во НБА.
🏆 PLAYOFF BRACKET 🏆
— NBA (@NBA) May 3, 2026
▪️ @sixers win Game 7, advance to East Semis
The NBA Playoffs presented by @Google continue Sunday with 2 games Game 7s on ABC and NBC/Peacock. pic.twitter.com/GNe8ZyqCqN
Разликата се искачи на +18, но Селтикс имаа обид да се вратат кога стигнаа до 98-99 на семафорот на три минути пред крајот. Сепак, од тој момент, Филаделфија направи серија од 10:2 и го реши натпреварот во своја корист.
Во следната рунда, тимот на Филаделфија ќе игра против Њујорк Никс, кој ја елиминираа Атланта со 4-2.


