Српскиот репрезентативец Никола Калиниќ доби исклучително мала казна за испадот во петокот во Чајетина.
Искусниот кошаркар на Црвена Звезда прво со боксови нападна играч на Златибор, при излегувањето од теренот по исклучувањето влезе во вербален дуел со навивачи на домашниот тим, а на крајот од натпреварот беше снимен како, заедно со Давидовац и Изунду тепаат со боксови присутни на една од трибините во салата. За сето ова, Калиниќ е суспендиран на само два натпревара, заедно со парична казна од 7.000 евра.
Тоа значи дека српскиот кошаркар ќе ја пропушти денешната „мајсторка“ против Златибор, евентуалното полуфинале од српското првенство (се игра Ф4 во Ниш), а ќе може да заигра ако Звезда евентуално се пласира во финалето.
Казнети се и неговите соиграчи Изунду и Давидовац со по 1.000 евра, исто колку и кошаркарите на Златибор, Матеј Чибеј, Стефан Савиќ и Теренс Вилфрид.


