Грчкиот шампион Олимпијакос го победи Монако и во третиот натпревар од плејофот на Евролигата со резултат 105-82.
Тимот од Пиреја со тоа дојде до водство од 3-0 и стана првиот што обезбеди место во Фајнал Фор во Атина. Олимпијакос го диктираше темпото на натпреварот од самиот почеток, добивајќи ја првата четвртина со +9 (26-17), а до крајот на полувремето веќе имаше убедлива предност од +21 (61-40).
Монако ја доби третата четвртина, но само со три поени разлика и влезе во последната четвртина со -18 (82:64). Во последниот период, домаќините се доближија до -12, но потоа Олимпијакос „додаде гас“ и забележа убедлива победа.
Тимот од Пиреја до победата го предводеше Еван Фурние со 22 поени, два скока и пет асистенции.
За разлика од Олимпијакос, Реал ја пропушти првата меча топка откако вечерва загуби на гостувањето кај Хапоел со 69-76, па во таа серија ќе се игра четврти натпревар.


