Екипата на Бадел намали на 1-2 во финалната серија од Првата женска кошаркарска лига откако вечерва на домашен терен славеше со 71-69.
Иако гостинските водеа во најголемиот дел од мечот, на моменти и со 12 разлика, победникот се одлучуваше во последните секунди. Херој на Бадел беше капитенот Ива Чолакоска која погоди на три секунди пред крајот. Во преостанатиот дел, гостинките не успеаја да изведат акција за шут и скопскиот тим се израдува на првата победа во серијата.
Триото Фримен-Клири-Чолакоска го предводеше Бадел до триумфот, постигнувајќи заедно 61 од вкупно 71 поен. Робинсон беше најефикасна кај Крива Паланка со 30 поени, но имаше и девет загубени топки, додека Ниехуес оствари дабл дабл со 18 поени и 10 скока.
И четвртиот натпревар од серијата ќе се игра на теренот на Бадел, во текот на претстојниот викенд.


