Жан Монтеро уште еднаш потврди дека е играч способен за големи работи, водејќи ја Валенсија до уште еден брејк во Атина и нерешен резултат во четвртфиналната серија од Евролигата, против Панатинаикос.
Екипата на Педро Мартинез ќе ја заврши сезоната непоразена во ОАКА Арената, каде славеше по трет пат оваа сезона и на тој начин се избори за „мајсторка“ за пласман Ф4 на Евролигата, кој ќе се игра во арената на Панатинаикос. Најзаслужен за големата победа на Валенсија беше Жан Монтеро, кој одигра извонреден натпревар во Атина и го предводеше својот тим со 29 поени (5/6 за два, 4/6 за три, 7/7 слободни фрлања), а додаде и седум скока и асистенции, односно три украдени топки. Со тоа, тој постави рекорд на еден плејоф натпревар во Евролигата, со индекс на корисност од 45!
Доминиканецот, кој беше прогласен за „Ѕвезда во подем“ на Евролигата и избран во идеалната петорка на натпреварувањето, не беше импресиониран од атмосферата на ОАКА Арената, а по натпреварот призна дека ужива играјќи во таков амбиент.
„Мајсторката“ меѓу Валенсија и Панатинаикос е на програмата в среда, а победникот од тој меч ќе им се придружи на Олимпијакос, Фенербахче и Реал Мадрид, кои веќе го обезбедија своето место меѓу четирите најдобри екипи на континентот, на Ф4 турнирот на Евролигата.


