Иако неодамна беше објавено дека најверојатно ќе си замине, Стив Кер договорил ново двегодишно продолжување на соработката со Голден Стејт Вориос, објавија американските медиуми.
Според нив, Кер се согласил на нов договор и ако го одработи до крајот ќе комплетира 14 сезони на клупата на тиимот со кој освои четири шампионски титули. Меѓу другото, Кер ќе остане најплатениот тренер во НБА, откако минатата сезона заработи 17,5 милиони долари.
BREAKING: Steve Kerr has agreed on a new two-year contract to return as head coach of the Golden State Warriors, Dan Eveloff and Rick Smith of @PrioritySports tell me, @anthonyVslater and @ramonashelburne. After three weeks of extensive conversations, Kerr and the Warriors agreed… pic.twitter.com/nLwcpOLJZb
— Shams Charania (@ShamsCharania) May 10, 2026
Преговорите наводно вклучувале повеќе состаноци со сопственикот Џо Лејкоб и генералниот менаџер Мајк Данливи, на кои се разговарало за стилот на игра, долгорочната перспектива на составот и насоката на франшизата. Во октомври 2025 година, Кер посочи дека можеби нема да бара продолжување на соработката, сакајќи прво да ја одигра последната сезона од неговиот тековен договор.
Вориорс завршија со скор од 37/45, освојувајќи го 10. место во Западната конференција и беа елиминирани во плејинот од Феникс Санс. Продолжувањето на договорот значи дека Кер ќе остане на клупата во последните фази од ерата на Стефен Кари во Голден Стејт, додека франшизата продолжува да планира за иднината на тимот.


